
Министерството за финансии денеска исплати 75,3 милиони денари субвенции на 2.716 земјоделци – производители на зеленчук, овошје, како и за одгледувачите на кози.
За дополнителна поддршка за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети исплатени се 39,5 милиони денари на 1.395 градинари. Висината на поддршката изнесува два денара по килограм за предадени пиперки и корнишони и 1,5 денари за сите останати градинарски култури како домат, брокула, боранија, грашок, праз, морков, целер, пашканат и модар патлиџан.
За дополнителна поддршка за овошни култури предадени во преработувачки капацитети исплатени се 27,2 милиони денари на 1.020 овоштари. Висината на поддршката изнесува два денара по килограм. Исплатена е дополнителна поддршка на земјоделци кои одгледуваат круша, вишна, јаболко, праска, кајсија, цреша, дуња, мушмула, слива, калинка, смоква, аронија, боровинка, рибизла, малина, капина, јагода и други видови на овошки низ цела територија на Република Македонија.
Денеска се исплатени и субвенции за одбележани грла кози, при што 301 козар доби вкупно 8,6 милиони денари. Финансиската поддршка за одгледување кози изнесува 1.000 денари по грло.
– Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство – се вели во соопштението од Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миноски: Стопирањето на изградбата на инфраструктурните проекти доведоа до пад на економската активност
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Задолжувањата растат вртоглаво: Владата и МФ се задолжуваат нови 56 милиони евра
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни


