| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа е можно: Ирачкиот премиер ќе го тужи новиот претседател

Ирачкиот премиер Нури ал Малики најави тужба за новиот ирачки претседател поради „очигледно кршење на Уставот“.

maliki

Малики, чија коалиција освои најголем број пратенички места на изборите во април, го обвинува новиот претседател Фуад Масум дека не именувал премиер од најголемата група во Парламентот до истекот на рокот за тоа.

Според него, претседателот го прекршил Уставот поради политички цели.

Малики синоќа во говор на телевизија изјави дека безбедносната ситуација се влошува и дека постапките на Масум имаат негативни последици.

Ирачкиот парламент претходно одлучи да биде на пауза до 19 август, откако пратениците не постигнаа договор околу именувањето премиер, наспроти меѓународниот притисок да се воспостави коалициска влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top