Скопската општина Илинден организира обука за личен развој и креативно насочнување на младите. „Младите можат“ заедно со младите ја реализира својата иницијатива: „Oбука за личен развој и кариерно насочување на младите“. Целта на оваа иницијатива е поттикнување и мотивирање на младите од општина Илинден за остварување на своите лични цели и стекнување вештини за градење успешна кариера.
Учесниците на обуките ќе бидат поделени во две групи, од 16 до 17 август и од 23 до 24 август. Обуката ќе се одржува во просториите на Домот на култура во Илинден со почеток во 10 часот. Право да се пријават имаат сите млади од општина Илинден, на возраст од 16 до 22 години.
https://docs.google.com/forms/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.