| четврток, 6 декември 2018 |

Монако потфрли на домашен терен

Викендов се играа натпреварите од 1. коло во новата сезона од француската фудбалска Лига 1, а најголемото изненадување го направи Лориен, кој синоќа на гостински терен го совлада Монако со 2:1.

На првиот вчерашен дуел Олимпик Лион на свој терен ги освои бодовите победувајќи го Рен со 2:0.

Постигнати резултати на другите натпревари: Бастија – Олимпик Марсеј 3:3, Евиан – Каен 0:3, Генгамп – Сент Етиен 0:2, Лил – Мец 0:0, Монпеље – Бордо 0:1, Нант – Ленс 1:0, и Ница – Тулуз 3:2 и Ремс – ПСЖ одиграа 2:2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top