Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга го освои мастерс-турнирот Роџерс куп во Торонто, откако синоќа во финалето го победи Швајцарецот Роже Федерер со 2-0, по сетови 7:5 и 7:6.
За Французинот ова беше 11. трофеј во кариерата и втор од серијата мастерс 1000.
По освојувањето на овој турнир, Цонга од денеска повторно ќе биде во ТОП 10 на АТП-листата. За победата во Торонто Цонга ќе добие 600.000 долари, а Федерер двојно помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.