Поголем број затвореници, меѓу кои има и трговци со дрога и киднапери, побегнаа денеска од еден затвор во близина на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, соопшти локалната полиција.
Бегството се случило откако во затворот упаднала група вооружени луѓе, наведоа сведоците кои ги слушнале пукотниците, јави „Танјуг“.
– Бегството беше спектакуларно. Немаше отпор од страна на чуварите, а од затворот побегнаа околу сто затвореници – изјави еден пратеник од Парламентот на Хаити.
Пред бегството во затворот во местото Кора де Буке, североисточно од Порт-о-Пренс, се наоѓаат 897 затвореници.
На местото на инцидентот пристигна и премиерот на Хаити, Лоран Ламот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.