| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица државјани на Саудиска Арабија осудени на затворска казна поради учество во војна во странство

zatvor

Четворица државјани на Саудиска Арабија се осудени на затворски казни затоа што ја прекршиле забраната за учество во вооружени судири во странство.

Саудиска Арабија оваа година на своите граѓани им забрани да учествуваат во војни надвор од територијата на својата земја со закана од максимална дваесетгодишна затворска казна.

Судот во Ријад изрече затворска казна од четири месеци до две години и 10 месеци. Казните се однесуваат и на фалсификување документи и овозможување други лица да учествуваат во судирите во странство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top