Романските здравствени власти соопштија дека хоспитализираниот 51-годишен романски државјанин со симптоми карактеристични за вирусот ебола, не е заразен со овој вирус, пренесоа британските медиуми.
Мажот на 25 јули, со добра здравствена состојба, пристигнал во Романија од Нигерија, каде бил на работа. Подоцна тој добил покачена температура, почнал да повраќа и имал дијарија.
-Ги направивме сите епидемиолошки истражувања и најдовме елементи кои 99 проценти ја исклучуваат инфекцијата од ебола, изјави директорот на институтот „Матеј Балш“ во Букурешт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


