| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ќе добие неколку дена за кандидатските листи, кампањата ќе трае пократко

Нема договор за предвремени парламентарни избори и нема одложување на локалните избори. Бранко Црвенковски, лидерот на СДСМ, потклекна под жесток притисок на странците и на членството. СДСМ се враќа во Собранието. Во договорот што е денес постигнат по средбата со  дипломатската тројка, Филе, Ховит и Бусек, има експлицитна одредба дека нема прејудицирање на терминот за наредни парламентарни избори.

– Ќе се формира анкетна комисија за настаните во Собрание пред 24 декември минатата година, како и за настаните на тој ден кога настана големиот инцидент, во согласност со планот на претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски. Во договорот има точки за враќање на довербата со новинарите. Ќе се потпише заеднички меморандум за евроинтеграции – велат дипломатски извори.

СДСМ ќе добие уште два три дена за листите, но затоа, пак, кампањата ќе трае пократко. Средбата на Црвенковски и со Филе траела три часа, а средбата со ВМРО-ДПМНЕ замо 45 минути. Тоа говори каде бил поголемиот притисок од страна на странците.

Фото: Ѓорги Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top