| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал го освои англискиот Супер куп

Екипата на Арсенал го освои првиот трофеј во новата сезона во Англија откако на Вембли во супер купот (Комјунити Шилд) го победи Манчестер Сити со 3:0.

Ова е дуелот на двете екипи кои во ланската сезона ги освоија пехарите во Англија: Манчестер Сити (Премиер лига) и Арсенал (ФА куп).
Арсенал поведе со голот на Санти Казорла во 21. минута. На 2:0 зголеми Арон Ремзи во 42. минута, додека конечните 3:0 ги постави Оливие Жиру во 61.минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top