| четврток, 6 декември 2018 |

Во Букурешт хоспитализиран пациент со симптоми слични на еболата

Ebola in Liberia
Во Романија е хоспитализиран маж со симптоми кои се карактеристиочни за вирусот на ебола, пренесе ИТАР-ТАСС.

Претставници на Министерството за здравство соопштија дека хоспитализираниот е 51-годишен романски државјанин, кој пристигнал од Нигерија.

Пациентот, кој има зголемена температура, повраќа и е дехидриран, од болницата во градот Пловешт биле префрлен во институтот „Матеј Балш“ во Букурешт.

Семејството на пациентот е ставено во карантин.

Мостри од испитувањата на пациентот ќе бидат испратени во лабораторија во германскиот град Франкфурт. Точната дијагноза на пациентот ќе се постави дури по три дена.

Ова е прв случај на пациент кој е хоспитализиран во Романија под сомнение за присуство на ебола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top