| четврток, 6 декември 2018 |

Палестиниците прифатија ново тридневно примије во Газа

South Korean protesters demonstrate against Mideast conflicts

Палестинските преговарачи во Каиро изјавија дека го прифаќаат египетскиот предлог за нов тридневен прекин на огнот со Израел, со што ќе се отвори патот за обнова на индиректните преговори за долготрајно примирје во Појасот Газа.

Палестинските преговарачи, кои ги претставуваат различни палестински фракции, изјавата ја дале под услов да останат анонимни, бидејќи нивната изјава се однесува на чувствителните преговори, пренесоа американските медиуми.

Израелската делегација во петокот ги напушти преговорите, пред истекот на претходниот тридневен прекин на огнот, истакнувајќи дека нема да преговора додека трае ракетирањето на Израел од Газа.

Израелската страна ги обвини палестинските екстремисти дека истрелале гранати врз Израел пред истекот на примирјето, во петокот во 8 часот утрината. После тоа беше продолжено прекуграничното ракетирање и израелските одмазднички напади од воздух, иако со намалена жестина.

Во судирот што почна на 8 јули досега погинаа повеќе од 1.900 Палестинци и 67 лица на израелска страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top