Ѕвездата на научно-фантастичната серија „Досие икс“, Дејвид Духовни (54), реши да стави точка на својот брак, по 17 години минати во заеднички живот со Теа Леони (48).
Двојката и порано во неколку наврати ја прекинуваше брачната заедница, но овој пат и двајцата се решени тоа да го сторат официјално, со потпишување на документите за развод, со што разделата ќе стане официјална. Тие се согласија на заедничко старателство врз децата, а Леони ќе има приоритет. На име алиментација Духовни ќе плаќа околу 8.500 долари, како и 40.000 долари за поддршка на сопругата. Актерската двојка се венчаше во 1997 година, а кратко беа разделени во 2008 и 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.