| четврток, 6 декември 2018 |

Бата Живоиновиќ излезе од болница

bata-1-630x374

Легендарниот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ е пуштен од болница, каде беше примен поради гангрена на стапалата, пишува порталот „Вечерње носвости“.

– Стигна дома. Ногата му е добро, и состојбата му се подобрува. Се бориме – изјавила сопругата на актерот, Лула Живоиновиќ.

Осумдесетиедно годишниот актер со специјални инекции бил лечен од еден кубански доктор, професорот Монтекин кој поради Бата допатувал во Белград.

Меѓутоа дозите кои биле потребни за лекувањето не биле доволни па докторот морал да се врати на Куба за да донесе поголеми количества. Легендарниот актер по првобитното лекување на болеста се повреди на снимањето на филмот „Лед “, кога удрил во цврст цемент, по што морал да замине на Куба за да се лекува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top