| четврток, 6 декември 2018 |

Артим Шакири на клупата на Кукеши

Artim-Saciri-3

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Артим Шакири е поставен на тренерското место во албанскиот клуб Кукеши. Како што јавуваат тамошните медиуми, Шакири во новата сезона ќе го предводи еден од најдобрите албански клубови. Од македонскиот стратег се очекува освојување на шампионската титула.

Кукеши минатата сезона го освои второто место во најсилната албанска лига. Летово во квалификациите од Лигата на Европа, Кукеши беше елиминиран уште во првото квалификациско коло.

За 40-годишниот Шаќири, кој има богата фудбалска кариера со настапи во 15-ина клубови ширум Европа, ова е прв ангажман за тренер во странски клуб. Досега како тренер тој има работено само во Шкендија од Тетово сезоната 2012/13.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top