
Една членка на парламентот во Ирак од малцинството Јазици, се онесвести од стрес и страв на говорницата, додека предупредуваше на геноцидот којшто се случува.
Таа изјави низ горки солзи дека нивните мажи и деца ги колат и ги касапат, дека насекаде околу нив се случува геноцид.
Овој трогателен говор кој нема да ве остави рамнодушни се случи на 5 август во парламентот на Ирак.
-Не касапат под закрила на изјавата дека „Нема друг Бог освен Алах“. До сега заклаа 500 мажи и машки деца. Додека зборуваме, се случува геноцид врз Јазидите. Браќа, ве молам тргнете ги на страна политичките несогласувања и застанете со нас како луѓе. Зборувам во име на човештвото. Ве молам спасете не! Умираат деца, стари лица. Нас, жените, не користат како конкубини! Не продаваат на пазар! Не убиваат, не касапат! Цела религија ќе ни ја избришат, изјави таа низ солзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


