| четврток, 6 декември 2018 |

Венус подобра од Серена Вилијамс во сестринското полуфинале

 Venus and Serena Williams exhibition tennis match in Buenos Aires

Венус Вилијамс ја победи својата помлада сестра Серена, првпат после пет години и се пласира во финалето на „Роџерс Купот“ во Монтреал, Канада.

Венус до победата дојде во три сета: 6:7, 6:2 и 6:3. Инаку, 34-годишната Американка во финалето ќе се сретне со полската тенисерка Агњешка Радванска.

Полјачката ноќеска во второто полуфинале ја совлада Екатерина Макарова (Русија) со 2-0, по сетови 7:6 и 7:6.

Во досегашните осум меѓусебни средби Американката води со 5-3 во победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top