
Четворица цивили беа убиени и седуммина ранети во Кабул при самоубиствен напад врз конвој на НАТО, објави на Твитер портпарол на авганистанското МВР.
Силите на НАТО во Авганистан се уште не соопштиле за инцидентот извршен денеска во западниот дел од авганистанскиот главен град во близина на кралскиот дворец Даруламан. Портпаролот наведува дека терористот активирал експлозив во автомобил и оти е можно бројот на жртви да биде повисок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


