| четврток, 6 декември 2018 |

Цонга – Федерер во финалето на „Роџерс Куп“

Tennis Dubai ATP Championships

Французинот Жо-Вилфред Цонга и швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе играат во финалето на „Роџерс Купот“ во Торонто, Канада.

Цонга во првото полуфинале го совлада најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Французинот претходно го победи првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија).

Противникот на Цонга во вечерашното финале до можност да се бори за трофејот во Торонто дојде по победата над Фелисијано Лопез извојувана ноќеска во два сета.

И Федерер, исто како Цонга, на својот ривал му препушти вкупно седум гемови, со таа разлика што првиот сет заврши 6:3, а вториот 6:4.

За Федерер финалето во „Роџерс Купот“ ќе биде 120. на турнирите во неговата кариера во која има освоено 79 трофеи од кои 21 на Мастерс 1000 сериите.

Цонга по третпат ќе игра финале на Мастерс 1000, од кои има една титула. Досега во 15-те меѓусебни мечеви билансот е 11-4 за Швајцарецот. Финалето во Торонто е вечерва од 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top