| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна патнички авион во Иран, над 40 загинати

tehran_plane_crash_360_1

Мал патнички авион се урна во предградие на иранскиот главен град Техеран при што загинаа повеќе од 40 луѓе, јави Иранската телевизија.

Авион од типот Иран-141 на авиокомпанијата Табан ер се урнал при полетувањето од аеродромот Мехрабад што се наоѓа во западниот дел од Техеран.

Најверојатна причина за несреќата е откажување на работа на едниот мотор. Авионот извршувал локален лет до градот Табас.

Авионот се урнал во станбениот реон Азади, кој е на пет километри од аеродромот. Засега нема извештаи за жртви во станбениот реон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top