По првиот состанок на работната група која треба да ги подготви насоките за натамошен развој на правосудството, секој претставник во рамките на својата институција се произнесе во врска со проблемите со кои се соочуваат институциите, притоа служејќи се со оценката на Европската комисија – извештајот на Советот на Европа за реформите во правосудството на Република Македонија. Се дискутирало за примената на законите со измените и дополнувањата од 2010 година, па сè до денес, со посебен акцент на стручноста и професионалноста при одлучувањето на судиите, обвинителите, обудсманот и државното правобранителство.
Членовите на работната група констатирале дека со воведувањето на институтот „разумен рок“ и посебното одделение на Врховниот суд на Република Македонија има напредок во брзото и ефикасно решавање на судските предмети. На состанокот бил даден рок во кој сите институции треба да подготват извештај во врска со работењето, проблемите со кои се соочуваат со конкретни предлог-заклучоци со цел на наредната седница работната група за подготовка на насока – рамка за натамошниот развој на правосудството да подготви програма со конкретни предлози заради понатамошно дејствување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


