| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон петти пат најубаво облечена според „Венити Фер“

kejt midlton

Британската принцеза, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон петти пат е прогласена за најдобро облечена славна личност, според изборот на популарниот магазин „Венити фест“.
Триесет и двегодишната сопруга на принцот Вилијам, е дел од „Холот на славните 2014“ на „Венити фер“, каде што оваа година се најде и Карл Лагерфилд, Лупита Нјонго, Ема Вотсон, Кејт Бланшет, Фарел Вилијамс.
Кејт Мидлтон е без конкуренција кога станува збор најдобро стилизирана британска дама. Со софистицираниот и одмерен стил е инспирација за многу сонароднички кои следејќи го нејзиниот пример тврдат дека здолништата и фустаните до колена се апсолутно во тренд.
Кејт се облекува класично, а класиката ја разбива со детали. Нејзината гардероба не е секогаш „дизајнерска“, таа е мајстор во комбинирање на брендирани и обични парчиња. Нејзиниот изглед моментално се копира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top