Двајца струмичани посредувале за добивање азилантски статус во неколку држави членки на Европската унија за сума од 200 до 300 евра од член на семејство.
Како што соопшти МВР, против М.М. и О.А. се осомнилени за кривичното дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.
Тие, според полицијата врбувале, поттикнувале, организирале и превезувале лица во државите од Европската унија и Шенгенскиот договор најчесто во градот Дортмунд, Германија со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права што е спротивно на правото на Европската унија на прописите на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.