Новиот израелски напад врз Газа денес однесе најмалку пет жртви по неуспехот на преговорите помеѓу Израел и Хамас. Израелските авиони погодија околу 30 цели во Газа во текот на ноќта и со тоа се стави крај на прекинот на оган кој траеше три дена.
Палестинските борци исто така продолжија со испукување на ракети од кои шест го допреа Израел.
Израелските напади урнаа три џамии а две од нив се сметаат за блиски до Хамас. Израел го обвинува Хамас дека се служи со болници, училишта и џамии за да пука кон Израел.
Непријателствата продолжија по еден месец борби кои однесоа 1950 животи и по неуспехот на преговорите во Каиро за продолжување на прекинот на огнот. Двете страни си префрлуваат дека другата е одговорна за продолжувањето на борбите. Хамас го обвини Израел дека го одбива основното барања на Палестина како кревање на блокадата која е наметната во 2006 година во Газа.
Од друга страна Израел тврди дека е спремен да прифати продолжување на прекинот на огнот доколку Палестина не поставува услови и го обвини Хамас дека го нарушил прекинот на огнот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.