| четврток, 6 декември 2018 |

Запрена серијата победи на Ѓорческа во мечевите во двојки

gorceska-500
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја продолжи серијата победи на фјучрс турнирите во игра на двојки откако попладнево во Арад заедно со Камелија – Елена Христеа од Романија загубија во финалето.

Поуспешни од нив беа првите носителки Романките Ирина Марија Бара и Дијана Бузеан. Ѓорческа и Христеа не искористија две меч топки во вториот сет, па така е запрена серијата на Ѓорческа, која на последните 23 мечеви во двојки има 21 победа и два пораза на финалињата во Ниш и во Арад. Првиот сет со 6:4 во гемови им припадна на Ѓорческа и Христеа, а тие водеа и со 5:0 во вториот сет. Противничките го добија вториот сет со 7:5 и потоа во решавачкиот беше 10:6 на поени за Романките.

Ѓорческа остана со 14 титули во двојки, а во оваа година има четири победи во шест финални мечеви.

Денеска во поединечна конкуренција Ѓорческа во полуфиналето ќе игра против Николета – Каталина Даскалу (Романија, 6.носителка).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top