| четврток, 6 декември 2018 |

Германија бара список на сите странски тајни агенти

Spion-Diplomatija-61-740x320-top

Германија побарала од дипломатските претставништва во нејзината држава да достават имиња на сите активни тајни агенти кои работат во таа држава, објави неделникот „Шпигл“. Според весникот, Берлин до сите амбасади испратил нота во која се бара „список на имиња на сите активни агенти“. Германското МНР не ги негираше наводите на весникот.

Потегот е преземен како последица од фрустрациите на Берлин поради зачестеното негирање на Вашингтон дека американски агенти ги шпионирале највисоките германски официјални лица. Барањето е само еден месец откако Берлин побара од шефот на ЦИА во државата да ја напушти Германија по откривањето два случаја на американско шпионирање германски официјални лица, наведува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top