
Во Австралија е откриен нов вид џиновска, отровна медуза која е смртоносна .
Оваа медуза Keesingia gigas, е фотографирана уште во 1980 година, но сепак, минатата година првпат е уловен еден примерок кој научниците можеле детално да го проучат, пренесува лондонски „Гардијан“. Според стручњаците, нејзиниот отров може да предизвика смрт.
Но, за разлика од медузите ируканџи кои се мали, оваа медуза може да биде и до еден метар во пречник. Она што ги изненади научниците е тоа дека оваа медуза нема пипци, каде што вообичаено се наоѓаат отровите што ги испушта и со кои таа го фаќа пленот.
Отровот на новооткиената медуза предизвикува болки, повраќање, а во екстремни слушаи и мозочен удар и инфаркт, посебно ако убодот не е третиран во првите 20 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


