Мохамед ел Барадеј и уште двајца египетски опозиционери ја откажаа средбата со државниот секретар на САД, Џон Кери. Хамдин Сабехи, еден од лидерите на Фронтот за национален спас, соопшти дека со Барадеј го отфрлаат американскиот притисок врз египетската опозиција да се откаже од одлуката за бојкот на парламентарните избори, кои почнуваат на 22 април.
Поранешниот египетски министер за надворешни работи, Амр Муса, исто така, нема да присуствува на средбата со Кери. Новиот државен секретар на САД најави посета на Каиро за време на викендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


