| четврток, 6 декември 2018 |

Соколов за „Република“: Натпреварот со Белгија е клучен во квалификациите

darko sokolov

Најискусниот кошаркарски репрезентативец Дарко Соколов, кој со своите 28 години воедно е и најстар во македонската кошаркарска репрезентација, нагласи дека натпреварот со Белгија на домашен терен е најважниот натпревар во овој циклус на квалификации за европското првенство во 2015 година.

– Натпреварот со Белгија в недела е клучниот натпревар во овој циклус квалификации. Ако успееме да победиме многу ќе ни биде олеснет патот до пласманот на Европското првенство во 2015 година, бидејќи другите две репрезентации Данска и Белорусија мислам дека се релативно послаби од нас. Подготвени сме за тој натпревар и сигурно ќе го дадеме нашиот максимум и се надевам дека ќе ги совладаме белгијците за два дена – изјави Соколов.

Со отсуството на најисуксните шест репрезентативци од претходното Европско првенство во Словенија товарот на играта паѓа на помладите кои за неколку години можат да ја однесат Македонија до нов историски успех.

– Јас со 28 години сум најискусен во овој состав воедно и најстар. Репрезентацијата е многу подмладена во однос на претходниот состав. Сите се желни за докажување и за добри натпревари. Верувам во овие момци и сигурно ќе го дадат својот максимум. Отсуството на носителите на играта и напуштањето на шест играчи од минатото е доста голем удар за репрезентацијата бидејќи тие беа најискусните играчи, но кој не е тука без него и се мора и се може. Остануваме ние овде 14 играчи што сме во моментов, ќе се обидеме да го надокнадиме тоа нивно отсуство, искуство и квалитет со една борбена и ангажирана игра – додаде Соколов.

 


 


Првиот натпревар од квалификациите за европското првенство во 2015 година, македонската репрезентација го игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top