| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски

vasil-zafircev

Со посебен перформанс во изведба на актерот Васил Зафирчев денеска во Охрид ќе биде промовирана книгата „Дневникот на Хулиганот” на Сашо Димоски. Станува збор за роман во кој поезијата е проза и прозата е поезија, а на 193 страници се сместени белешките на еден хулиган.
Во рамки на промоцијата присутните ќе одгледаат и 30-минутен буто-перформанс во изведба на Зафирчев, посебен тип на јапонски танцов театар.
„Дневникот на хулиганот“ е мултимедијален проект, единствен од таков вид досега претставен кај нас. Предвидено е да се реализира и видео-проект каде што главните улоги ќе ги толкуваат Зафирчев и младата актерка Наташа Петровиќ.
Авторот Димоски е роден во 1985 година во Охрид и има дипломирано на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Пишува во трите книжевни рода: поезија, проза и драма. Член е на независниот театар „Театра”, а во ноември 2012 година со неговиот текст „Пеперутка“, радиодрамата се враќа како драмска форма во македонскиот етер. Во мај 2013, со перформаност „Верност“, заедно со актерката Ирена Ристиќ, поставуваат една поинаква, иновативна драмска форма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top