Во пресрет на првиот квалификациски натпревар за европското првенство во кошарка против Белгија в недела, македонскиот репрезентативец Бојан Трајковски даде свое видување за престојниот натпревар и за квалификациите воопшто.
– Недостигот од носители на играта во репрезентацијата на Македонија ќе биде надополнет со борбена игра од сите 12 играчи што ќе бидат на паркетот и ќе ја чекаат својата шанса да се докажат пред целата публика во „Борис Трајковски“, но и пред целата македонска јавност. Нема да се очекува пет-шест играчи да ја носат играта како што беше до сега. Знаеме што значат тие за националната репрезентација, но желбата кај сите репрезентативци сега е поголема – изјави Бојан Трајковски.
– Селекторот Џикиќ е прекрасен човек. Јас досега искрено не сум работел со подобар во мојата 15-годишна кариера. Можат многу работи да се научат од него, кои понатаму во кариерата ќе ни бидат од голема корист надвор од репрезентацијата. Се надевам дека в година ќе соработуваме пред Европското првенство и на него
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



