| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбил три продавници – од две пари, од третата пирошки

Непознат сторител извршил три кривични  дела разбојништво во едно попладне, од кои две во колонијални продавници и едно во прoдавница за бели пецива.

Имено вчера околу 15 часот сторителот на ул. „Миле Поп Јорданов” во Скопје со закана од вработената го одзел дневниот промет од касата со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.100 денари. Потоа на ул.„Козле” во продавница исто така од вработената одзел околу 6.800 денари пари од дневниот промет, а додека пак од продавница за бели пецива лоцирана на истата улица направил нарачка од 31 пирошка, пита бурек и пет штрудли и откако вработената му ја дала нарачката и се заканил и го напуштил местото на настанот.

По преземените мерки лишено е лицето С.В.(43) поради сомнение дека е сторител на кривичните дела и против  истиот по документирање на настаните ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top