| четврток, 6 декември 2018 |

Џикиќ: Против Белгија ќе одговориме со колективна борбеност

Македонската кошаркарска репрезентација в недела ги почнува квалификациите за Eвропското првенство во 2015 година.
По тој повод Кошаркарската федерација на Македонија одржа прес-конференција, на која селекторот Александар Џикиќ одговараше на новинарски прашања и ги даде своите согледувања за подмладената генерација на Македонија.
Конференцијата почна невообичаено, при што селекторот ги повика новинарите да поставуваат прашања.
Најпривн беше испровоциран со прашањето дали Македонија ќе победи в недела со Белгија.

– Никој не може да одговори на тоа прашање. Во случај на победа и во случај на пораз, повторно сонцето ќе изгрее, автобусите ќе возат, а овие момци ќе продолжат да играат кошарка. Периодот за подготовки беше краток и со намален број играчи. За почит е што овие момци што се присутни на средбата одлулучија да играат за Македонија и тоа е за почит.
Со подобри момци не сум работел. Сум работел со подобри кошаркари, но овие ја заслужуваат мојата почит. Од нив барам да се борат со Белгија како што се бореа на сите седум подготвителни натпревари.
Белгијците се цврста репрезентација и долго време играат заедно. Играат енергична и цврста кошарка и ќе барам од момците да се борат барем колку што ќе се бори Белгија во Скопје. Имаат високи играчи под кошевите и фантастично подготвени бекови – изјави Џикиќ.

В недела Македонија ќе ги почне квалификациите против фаворитот во нашата група Белгија, а покрај неа се уште и Белорусија и Данска.

kosarkarska reprezentacija press 2014 (Custom)

– В недела посакувам да играме пред полна арена. Тоа не може никој да го контролира и не знам колку гледачи ќе дојдат. Полесно е да се игра пред полни трибини бидејќи публиката те носи во натпреварот. Емоциите од трибините ќе бидат пренесени на паркетот – додаде селекторот.

Здраствениот билтен е позитивен, освен за Бојан Крстевки, кој со сигурност нема да настапи поради повреда која би требало да се санира во брз рок. Тој отсуствуваше во поголемиот дел од подоготовките. Повредата на Дамјан Стојановски е минато, но дали ќе може да го издржи товарот, ќе одлучи селекторот во текот на играта.

Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ в недела со почеток во 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top