| четврток, 6 декември 2018 |

Џикиќ го препороди Партизан, во Пионир падна и Црвена Звезда

aleksandar dzikic

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ, пред само две недели го презема кормилото на Партизан со намера да го извади од кризата и да обезбеди опстанок во АБА лигата оваа сезона.
Тој не само што успеа да врзе три победи со тимот, туку заедно со Партизан се наметнува како голем конкурент на „скапата“ Црвена Звезда за титулата во српското првенство.
По воведните победи над Цибона и Крка, синоќа во „Пионир“ во Белград падна и вечниот ривал Црвена Звезда. Црвено-белите поседнуваат далеку поскапи и поквалитетни играчи со кои се надеваат дека можат да стигнат и до четвртфиналето на Евролигата, но вчера мораа да го положат оружјето пред Џикиќ и неговите пулени.
Партизан славеше со 86-81 иако во последната четвртина влезе со четири поени негатива. Вреди да се напомене дека Партизан под водство на Џикиќ многу ја подобри шутерската реализација, а против Звезда одигра најдобра шутерска партија оваа сезона (58 проценти за два 0 38 проценти за три поени). „Црвено-белите“, пак, се соочија со криза и со само три тројки од вкупно 24 обида не можеа да сторат премногу.

partizan

Најефикасен кошаркар кај Партизан беше Џонс со 17 поени, а Цветковиќ и Муриќ додадоа по 16, односно 15 поени, додека кај Звезда, Цирбес даде 26 поени, а комплетно потфрли главниот адут Квинси Милер кој постигна само 10 поени и не погоди ниту еден шут за три (0/6).

Со овој триумф Партизан фати приклучок на табелата во АБА-лигата и се искачи на седмото место со скор 9-12, додека Ц.Звезда е третопласирана со 16-5. Во наредното коло Звезда на домашен терен игра против МЗТ Скопје, додека Партизан гостува кај лидерот Будуќност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top