| четврток, 6 декември 2018 |

„Евровизија 2015“ во Виена

По долго размислување кој град во Австрија ги исполнува сите услови за едно вакво големо музичко натпреварување, Австрискиот национален телевизиски сервис – ОРФ ја одбра токму престолнината на оваа држава, а Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја одобри одлуката.

Виена ќе биде домаќин на јубилејната 60. по ред „Евровизија“.

– Виена е град на музиката и уметноста во срцето на Европа. Заедно сите ќе направиме сѐ за да имаме успешно 60. евровизиско издание – изјавил генералниот директор на ОРФ, Александер Врабец.

Австрија ја доби организацијата за следната година откако годинава во мај победи Кончита Вурст во Копенхаген.

Двете евровизиски полуфиналиња се закажани за 19 мај (првото) и за 21 мај (второто), додека финалето ќе се случи на 23 мај следната година. Годинава над 195 милиони луѓе во над 40 земји го гледале 59. евровизиско издание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top