| четврток, 6 декември 2018 |

Денес се мажи Гавазова

Македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова денеска ќе се венча во црква со својот избраник, Босанецот Јасмин Курузовиќ, со кого веќе неколку месеци е во граѓански брак.

Тие планираат голема традиционална свадба, на која ќе присуствуваат повеќе од 400 гости.

Меѓу големиот број роднини и пријатели, на свадбената веселба во познат струмички хотел ќе присуствуваат и голем број колеги од фолк-естрадата, а специјален гостин ќе биде и српскиот пејач Шабан Шаулиќ.

– Ќе свират „Болеро“, додека трае вечерата гостите ќе ги забавува Ранко Рангелов, а за забавната музика е задолжена Нина Јаневска. Поканив многу колеги, како Тања и Новица, Зуица и Наум, Татјана Стефановска со Митко, Андријана Ацевска, колегите од Трим тим, Цуле – изјави таа неодмана за „Вест“.

Таа одбрала традиционална свадба со сите адети.

– Ке тргнеме од мојот стан од Струмица и додека да се качме во автомобилите за в хотел ќе свират Агушеви. По желба на Јасмин, мора да има трубачи. Мој желба е свадбата да почне со орото Тешкото и ќе ми гостува КУД „Мирче Ацев“. Тоа оро многу го сакам зашто е наша традиција. По желба на кумовите, пак, прва песна што ќе се испее ќе биде „Дафино вино црвено“ – додава таа.

Гавазова ќе носи венчаница која за неа ја избрал сопругот.

– Ќе бидам како секси принцеза – вели таа.

Сузана Гавазова пред само една година важеше за една од најпровокативните пејачки на фолк-естрадата, со многу секси фотосесии и разголени видеоспотови. Повеќе тука.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top