Британскиот премиер, Дејвид Камерон, е против враќањето на Грција на т.н. Елгинови мермери, што безмалку два века се чуваат во Британскиот музеј во Лондон. Камерон, исто така, е против тоа на Индија да ѝ се врати и 105-каратниот дијамант Кохинор, кој е дел од британската кралска круна.
Во изјава за медиумите, Камерон вели дека враќањето на Елгиновите мермери и на прочуениот дијамант не е вистинскиот приод за овие прашања.
Ваквата изјава на британскиот премиер предизвика остра реакција на британскиот Kомитет за враќање на грчките антички споменици. Членовите на овој Kомитет подолго време лобираат кај британските власти, подржувајќи ја грчката влада во барањето да се вратат во Атина мермерните орнаменти од храмот „Партенон“ на Акропол.
Лордот Елгин во 1816 година од отоманските власти ги откупил орнаментите од „Партенон“, со обид да ги спаси од уништување и ги префрлил во Велика Британија. Подоцна сите му ги предал на чување на Британскиот музеј, каде што се наоѓаат сè уште.
Повеќе грчки влади „војуваат“ со Британците за Елгиновите мермери, а некогашната министерка за култура Мелина Меркури поднесе и тужба против Велика Британија. Грчката страна тврди дека мермерите се украдени во договор со тогашните отомански власти, па, според тоа, договорот на Елгин за откуп на мермерите не е валиден.
Сите досегашни британски премиери ги отфрлуваат барањата на Грција, па Владата во Атина, откако во 2009 година изгради специјален музеј за античките споменици, сега ѝ нуди на британската страна спогодба. Според неа, Елгиновите мермери да останат сопственост на Британскиот музеј, но античките орнаменти на неопределен рок да му се дададат на чување на музејот во Атина.
Премиерот Камерон со својата сегашна изјава покажува дека не прифаќа трансфер на спомениците од Лондон во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Скандал во Британија: Компанија за болнички отпад, складирала човечки тела
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


