
СДСМ и здружената опозиција денес го блокираа влезот во библиотеката во Охрид, јавува прталот „Ohrid1.com“. Насобраните луѓе застанаа на скалите пред вратата од која се влегува во НУ Библиотека Григор Прличев Охрид со што го блокираа влезот во установата. Присутните пееја песни посветени на Никола Груески и Бранко Црвенкоски и бараа предвремени парламентарни избори.
Предводници на протестот беа Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески, пратеникот Митре Вељаноски и диркеторот на ЈП Билјанини Извори Боро Шајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


