| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните пријавиле 26 локации каде најчесто се прават сообраќајни прекршоци

policija

Oткако почна да функционира проектот „Предложете сообраќајна контрола“, до веб-адресата на МВР биле испратени 26 поплаки, а граѓаните најчесто се жалат за брзото возење, проблеми со паркирање на прописни места и за непропуштање пешаци. Полицијата, пак, поднела 14 прекршочни пријави за прекршоци пријавени од граѓаните, пишува Дневник.

Од нив 12 се за прекорачување на дозволената брзина од 50 километри на час, а две за непрописно паркирање. Поднесени се и други 36 покани и платни налози за сторени прекршоци. Сите казни се за Скопје, а само една за Тетово.

Полицијата ги охрабруваат граѓаните да пријавуваат прекршоци за кои забележале дека често се случуваат.

– Граѓаните што ќе се одлучат да пријават на веб-страницата на МВР треба да ја наведат улицата и прекршокот кој често се случува на тоа место, а исто така и времето од денот кога најчесто се забележува тој прекршок. Пријавата потоа се испраќа до одделението за сообраќај по што се излегува на терен. По завршувањето на контролата, обврска на полицијата ќе биде повратно да ги извести граѓаните за преземените мерки, констатираната состојба и изречените санкции – вели Иво Kотевски, портпарол на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top