| четврток, 6 декември 2018 |

„Канцеларијата“ на Би-Би-Си станува филм

office_2209341b

Петнаесет години по урнебесните авантури од серијата „Канцеларијата“, легендарниот Дејвид Брент ќе проба да го оствари својот сон и да стане ѕвезда на филмот што ќе почне да се снима идната година.

Имано, како што пренесува Би-Би-Си, британскиот комичар Рики Жерве најави нов проект во кој главен протагонист ќе биде шефот во „канцеларијата“ Дејвид Брент, јунакот на популарната серија која го прослави.

Се работи за долгометражен филм со наслов „Life on Тhe Рoad“, кој го следи Брент, 15 години откако во потрага по рок слава ја напуштил компанијата „Вернхем-хог“.

Во новиот проект, Брент е уличен продавач на сретства за чистење и кристали, со цел да собере пари за да ја финансира својата „концертна турнеја од соништата“.

Цврсто е убеден дека филмската екипа го прати за да снима рок документарец за него, нешто како филмот „Shine a Лight“ на Мартин Скорсезе за „Ролингстонс“.

Серијата беше емитувана на Би-Би-Си од 2001 до 2003 година, доби безброј награди и беше превземена од повеќе од стотина земји.

„Канцеларијата“ е прогласена за најуспешна серија во историјата на Би-Би-Си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top