Маж се самозапали денеска на „Плоштадот на победата“ во Букурешт пред очите на голем број минувачи.
Тој подолго време стоел во близина на зградата на романската Влада со шише бензин в рака, заканувајќи се дека ќе се самозапали.
Во еден момент тој се полеал со бензинот и се запалил. Минувачите веднаш повикале помош, а неколку полициски и медицински екипи брзо пристигнале на местото на инцидентот.
Мажот бил пренесен во болница, каде што му била укажана медицинска помош, а неговата здравствена состојба не е критична.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



