| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на монструмот: Жал ми е за Тијана, но жал ми е и за моето дете

1357866-majka-makija-djuric-070814-rasfoto-m-josida-005

Макивија Ѓуриќ, мајката на убиецот Драган Ѓуриќ, вели дека не може да поверува што направил нејзиниот син, кој ја уби Тијана Јуриќ (15). Taa и синот живееле како потстанари во куќа во Сурчин. Вели не го школувала зашто немала пари. Драган се дружел само со својата мајка и со својата сестра, која била на одмор. Мајката на Драган вели дека ѝ е многу жал што Тијана е убиена.

– Дознав кога дојдов дома од работа. Никој не ме извести дека е Драган уаспен. Отклучив врата и затеков хаос и видов дека го нема пиштолот дома. Прво помислив дека отишол да се убие. Отидов кај снаата и ми кажа, дознала од полицијата – вели мајката за „Ало“.

Таа додава:

– Ништо не укажуваше дека ова може да се случи. Не можам да верувам дека човек може да направи такво нешто. Беше добар и чесен, се грижеше за мене, само немаше пари. Многу ми е жал за детето што е убиено, но жал ми е и за моето дете.

1357854-majka-makija-djuric-070814-rasfoto-m-josida-004

Таа смета дека нејзиниот син треба соодветно да биде казнет за тоа што го направил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top