– Само оваа година повеќе од 40 станови и куќи во Охрид ги купиле луѓе од Холандија. Се купува во Пештани и во Лагадин, а атрактивен е и стариот дел на градот. Неколку семејства од Англија имаат изградено куќи во населбата Рача, а нова дестинација е за поимотните луѓе од Скопје и од Белград е селото Велестово, каде што се градат вили и се купува земја – истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Оваа година бројот на странски туристи е зголемен за 6,5 проценти за разлика од ланската година. До јуни оваа година во Охрид престојувале над 9 илјади гости само од Турција, а допрва ќе се утврдуваат точните податоци за гостите од Бенелукс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



