| четврток, 6 декември 2018 |

ВИДЕО од апсењето на вандалите што кршеа во „Њу Орлеанс“

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, вчера идентификуваше двајца учесници во насилниот инцидент во кој беше демолиран угостителскиот објект „Њу Орлеанск“ во Старата скопска чаршија. Двете лица беа лишени од слобода од страна на припадниците на единицата „Алфа“, по што во присуство на надлежниот Јавен обвинител беше извршено нивно препознавање. Двајцата пријавени на од 24 и 25 години добија кривични пријави за насилство.

Ноќта околу полноќ на 4 август во кафе-бар „Њу Орлеанс“, пријавените со уште неколку засега непознати лица, влегле во внатрешниот дел од локалот, по што еден од нив се приближило до шанкот кај диџејот кој пуштал музика, и во еден момент физички го нападнал и му го скршил лап-топот бидејки истиот пуштал македонска музика.

Другите ги искршиле и прозорските стакла, инвентарот во објектот и на летната тераса, а физички нападнале и тројца од персоналот меѓу кои и вработена, која се обидувала од мобилен телефон да повика полиција, по што го напуштиле местото на настанот. На тој начин пријавените заедно со другите лица кај оштетените, вработените и присутните гости предизвикале чувство на страв, загрозеност и несигурност.

Capture454564466

Откако двајцата осомничени беа изведени пред надлежен судија во претходна постапка, истиот на 24-годишното лице му изрече мерка притвор во траење од осум дена, додека на второосомничениот му се изречени алтернативни мерки за обезбедување.

Инаку, пријавениот кој веќе е префрлен во притвор во Истражниот затвор Скопје, и претходно е пријавуван од полицијата како сторител на кривични дела проследени со насилство за што во 2011 година е осомничен за сторени две кривични дела учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие  и учество во тепачка при инцидентот кој што се случи на Кале.

СВР-Скопје продолжува и понатаму да превзема мерки за откривање и на другите лица што се инволвирани во кривичното дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top