| четврток, 6 декември 2018 |

Во Берово наврнати 67 литри на метар квадратен за 24 часа

leten-dozd-11

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Берово – 67 литри на метар квадратен,32 во Куманово, 28 во Крушево, 26 во Скопје на Зајчев Рид, 13 во Тетово, девет во Крива Паланка, шест во Битола, два во Маврово и во Лазарополе.

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, а попладне повторно нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Повеќе врнежи се очекуваат во западните и во северните делови. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до 30 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top