Српската тенисерка Ана Ивановиќ го заврши натпреварувањето на турнирот во Монтреал откако во второто коло беше поразена од Коко Вандевеге.
Само што дојде до пласман меѓу најдобрите 10 тенисерки во светот, Ана Ивановиќ, која игра променливо, повторно ги разочара своите навивачи.
Ивановиќ беше елиминирана во второто коло со пораз од американската тенисерка по голема борба која ја доби со 2-1, по сетови 6-7, 7-6, 6-4.
Вандевеге во наредната рунда ќе игра против Јелена Јанковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.