Пет години по смртта, кралот на поп-музиката Мајкл Џексон доби обвинение поради кое американскиот суд реши да му суди.
Џејмс Сејфснак (36) во тужбата наведува дека Џексон сексуално го малтретирал кога имал 10 години, за време на снимањето на реклами во 1988 година. Сејфснак бил сексуално малретиран и тогаш тужената страна велела дека тоа го прави од љубов, пишува во тужбата. Американецот додава дека бил принудуван за време на снимањето на една реклама да спие во кревет со Џексон. Судот во Лос Анџелес го закажа рочиштето за 4 септември.
Џексон почина на 25 јуни 2009 година, на 51-годишна возраст од прекумерна доза на силен анестетик, кој му го препишал неговиот лекар Конрад Мареј, кој подоцна беше осуден на четири години затвор поради убиство од небрежност. Поп-пејачот умре за време на подготовките за враќање на сцената, по низата скандали и лошата продажба на неговиот последен албум „Invincible” во 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.