| четврток, 6 декември 2018 |

Алборг го изненади Динамо, испаднаа и Селтик и Партизан

Данскиот тим Алборг го изненади скапиот тим на Динамо во Загреб и со победа од 2-0 на гости го елиминира во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Шкотскиот гигант Селтик претрпе и втор тежок пораз од Легија и со вкупен резултат 1-6 се прости од надежите за настап во елитното натпреварување. Сосема поинаку и многу драматично беше во Белград, каде Партизан и Лудогорец одиграа нерешено, 2-2, резултат што му одговара на бугарскиот првак, кој се пласираше во последното квалификациско коло пред пласман во ЛШ.

Динамо имаше предност од 1-0 пред почетокот на реваншот во Загреб, но не успеа да мине понатаму. Контроверзниот Здравко Мамиќ направи дрим-тим за балкански услови, но Алборг не се уплаши и направи мини-сензација со победа од 2-0 на „Максимир“, со што се пласираше во плејоф фазата.

Јакобсен на двапати го матираше португалскиот репрезентативец Едуардо и им донесе голем успех и радост на Данците.

Понатаму минаа и Зенит, Апоел, Малме, Слован Братислава, Бешикташ, Стеауа, ФК Копенхаген и Салцбург, по денешните реванш натпревари од третата квалификациска рунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top