| четврток, 6 декември 2018 |

Милитанти на Хамас егзекутираа Палестинци обвинети за соработка со Израел

Вооруженото крило на палестинската исламистичка група Хамас, „Бригадите на Изедин ал Касем“, егзекутира неколкумина Палестинците, под обвинение дека му помагале на Израел за време на офанзивата во Газа, објави сајтот „Маџад“.

hamas

Висок воен претставник на Хамас изјави дека „ колаборационистите му помагале на непријателот во одредувањето нови цели и му давале информации за луѓе вклучени во отпорот“.

Според палестинското законодавство, за соработка со Израел, за убиство и за шверц на дрога предвидена е смртна казна, но таа во суштина треба да биде одобрена од претседателот Махмуд Абас.
Во информацијата на сајтот на се наведува бројот на егзекутираните Палестинци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top