| четврток, 6 декември 2018 |

Хамас повика на напади врз Израелците

Хамас, кој има власт во Појасот Газа, ги повика денеска Палестинците да ги напаѓаат израелските сили во Ерусалим, по затворањето на светото место во тој град поради вчерашниот смртоносен напад во кој беа убиени двајца израелски полицајци и тројца палестински напаѓачи.

Затворањето на светилиштето Брдо на храмот, Хамас во соопштение го означи како „верска војна“.

Портпарол на Хамас ги повика Палестинците на „востание“ за да пукаат врз израелската војска и еврејските доселеници на Зпаадниот брег.

Израел го затвори вчера тоа место и откажа традиционални молитви на муслимани во петок попладне, што многу ретко се случува, поради вооружениот напад. На тоа место се наоѓа џамијата Ал Акса трета по значење во исламот по Мека и Медина во Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top